Kineticus

Спортско-медицински тестирања

 

- Преглед за спортски клубови и спортисти поединци со кој се добива потврда "способен за тренинг и натпревар" и се даваат совети за тренажен процес, а се состои од: земање на венска крв со која се одредуваат соодветни параметри (SE, CRP, ASAT, ALAT, крвна слика, креатинин, уреа и гликемија), ортопедски преглед и дијагностика на деформитети, одредување на телесен состав со биоелектрична импенданса, ЕКГ и динамичка спирометрија во мирување, субмаксимален ергометриски тест на подвижна лента со континуирано мониторирање на срцева фреквенција и крвен притисок, одредување на индиректен VO2max во ml/kg/min
- Лабораториски тест за одредување на спортски својства со кој се добива потврда "способен за тренинг и натпревар" и лактатна крива преку која се гледа степенот на физичка подготвеност и се даваат точни препораки за правилно дозирање на тренaжниот процес, а се состои од: земање на венска крв со која се одредуваат соодветни параметри (SE, CRP, ASAT, ALAT, крвна слика, креатинин, уреа и гликемија), ортопедски преглед и дијагностика на деформитети, одредување на телесен состав со биоелектрична импенданса, ЕКГ и динамичка спирометрија во мирување, максимален ергометриски тест на подвижна лента со континуирано мониторирање на срцевата фреквенција, крвниот притисок и континуирано земање на крвни лактати со кои се добива лактатна крива со одредување на брзината на која е постигнат AnT и одредување на сите зони на интензитет на тренажен процес според лактатната крива
- Преглед за рекреативци и луѓе со различни заболувања со кој се даваат совети за физичка активност, а се состои од: земање на венска крв со која се одредуваат соодветни параметри (SE, CRP, ASAT, ALAT, крвна слика, креатинин, уреа, гликемија, липиден статус), ортопедски преглед и дијагностика на деформитети, одредување на телесен состав со биоелектрична импенданса, ЕКГ и динамичка спирометрија во мирување, субмаксимален ергометриски тест и модифициран ергометриски тест на подвижна лента со континуирано мониторирање на срцева фреквенција и крвен притисок, одредување на индиректен VO2max во ml/kg/min.

sport-medic11.jpg sport-medic22.jpg sport-medic33.jpg sport-medic44.jpg sport-medic55.jpg sport-medic6.jpg sport-medic7.jpg