Спортско - медицински прегледи
Спортско - медицински прегледи пред учество во тренажни програми и натпревари од рекреативен, аматерски и професионален тип.
  • Одредување телесен состав
  • Одредување некои биохемиски маркери
  • Процена на кардиоваскуларната адаптација
  • Проценка на агортиски својства ( VO2 max, лактатна крива, AnT )
Спортска рехабилитација
Превенција и менаџмент на спортски повреди
  • Дијагноза на спортски повреди со помош на изокинетичка машина и ехо дијагностика на меки ткива
  • Примена на ласер, ултразвучна, електротерапија и магнетна терапија во третманот на спортските повреди
  • Примена на radial sockwave - терапија во третманот на спортските повреди
  • Рехабилитација на изокинетичка машина
  • Кинезитерапија
Дијагностика и рехабилитација на изокинетичка машина
  • Примена на изометричниот, изотоничниот (концентричен и ексцентричен), изокинетичкиот и bio feedback-от во дијагностиката и менаџментот на спортските повреди
  • Поцелосна и побрза рехабилитација во секоја од фазите на постоперативното или конзервативното третирање на повредите на мускулно-скелетниот апарат
Подготвување тренажни програми за сите видови спортови и совети за тренинг
Подготвување тренажни програми и совети за тренинг на рекреативци, аматери и спортисти од различни спортови. Програмите можете да ги изведувате сами или под комплетен наш надзор и стручна помош.
Лабораториски тестирања и тестирање на терен за спортисти
  • Одредување телесен состав, експлозивност, AnT, VO2 max, лактатна крива и некои биохемиски параметри во лабораторија и на терен
  • Примена на најсовремена спортско-медицинска методологија и технологија: фотоќелии, контролирано мониторирање на срцева фреквенција, R-R варијабилитет...
Подготвување диети и нутритивни совети
Креирање диети и давање нутритивни совети кај различни групи:
  • Рекреативци
  • Спортисти
  • Гојни
  • Корекција на телесниот состав
Одредување на типот на скелетни мускулни влакна
За прв пат во Република Македонија преку одредување на типот на скелетни мускулни влакна со сигурност можеме да ви понудиме можност за селекција кај вас или вашиот спортист за тоа дали ќе биде повеќе брз, повеќе издржлив или пак не ќе може максимално да одговори на било каков тренажен процес.
Спортска масажа
  • Релаксирачка
  • Тонизирачка
  • Trigger points масажа