Што опфаќа секој пакет?
- Спортско - медицински преглед пред почетокот на програмата (пакет 1, пакет 3)
- Лабораториски тестирања за одредување на спортски својства (пакет 2)
- Изработка на индивидуален начин на исхрана со 24-часовна можност за комуникација и нутритивни совети (пакет 3)
- Посета на фитнес-просториите на КИНЕТИКУС, опремени со најнова опрема на Technogym, со подготвена фитнес-програма и под надзор на фитнес-тренер (пакет 1, пакет 2, пакет 3)
Времетраење на пакетот
Времетраењето на пакетите е минимум од 6 месеци до година дена. Во овој период се предвидени од 12 до 24 посети месечно во фитнес-просториите на КИНЕТИКУС додека посетите во медицинските простории на КИНЕТИКУС се по потреба. По завршувањето на програмата, сите учесници имаат можност да станат редовни членови на фитнес-клубот КИНЕТИКУС.
Кој се грижи за вас?
Програмата е подготвена од група експерти: специјалист по спортска медицина - доктор на медицински науки, дипломиран професор по физичка култура - доктор на науки и фитнес-тренер. Сите ние ќе се погрижиме да ги постигнете посакуваните резултати и да ги задоволиме вашите очекувања.
Пакет за рекреативци (пакет 1)
По извршениот спортско - медицински преглед и нашата едномесечна програма спроведена во нашиот фитнес-клуб и набљудувана од страна на нашиот стручен тим, вие ќе ја почувствувате привилегијата да се биде kineticus.
Пакет за спортисти (пакет 2)
За нас е предизвик да работиме со вас, независно дали сте повредени или сакате во силно темпо да го издр - жите вашиот натпревар. Нашиот стручен тим е подготвен да ви помогне при трасирањето на патот кон вашиот успех.
Пакет за регулирање на телесниот состав и маса (пакет 3)
Брзото темпо на живеење, стресот, неквалитетната и нередовна исхрана се непријатели на вашето тело. Со избирањето на пакетот за регулирање на телесниот состав и маса вие сте чекор поблиску кон најголемото богатство во животот - вашето здравје.