Фитнес клуб
Technogym преставува светски лидер во дизајнирање и прозводтво на фитнес справи.
Справите се дизајнираат и произведуваат во Италија, ги користат повеќе од 15 милиони луѓе, 50.000 фитнес центри и 20.000 приватни корисници.
Проверениот квалитет и трајноста на сите Technogym модели е она што ги прави да бидат број еден избор на професионалните спортски тимови низ целиот свет.
Technogym беше избран за официјален опремувач на Олимписките и Паралимписките игри во Сиднеј 2000, Атина 2004, Tорино 2006 и Пекинг 2008, како и на Азиските игри 2006 и Рио Пан-Американски игри 2007. Исто така, Technogym имаат голем број интернационални спортски партнери како Ferrari F1 тимот, Luna Rossa и Alinghi тимовите за едрење, фудбалските клубови AC Milan, Интер, Челзи итн...
За прв пат во Македонија го отворивме Technogym Фитнес центарот со справи од серијата - Pure strength на кои се вежба со слободни тежини.
Technogym справите се дизајнирани од екипа научници по биомеханика, кои ги земат во обзир биомеханичките законитости (движењата во трите рамнини фронтална, сагитална и трансверзална) при конструкцијата на справите, со што се постигнува максимален ефект и сигурност при вежбањето на справите.
Technogym е единствената компанија во индустријата за фитнес справи која соработува со осигурителните компанији во Италија. Таа е единствена компанија која може да ја докаже сигурноста, безбедноста и ефикасноста на своите фитнес справи.
Flexability фитнес справа на 2008 година; Flexability Метод - ново истегнување во иднината
Медицинскиот и научно-истражувачки оддел на Technogym го разви FLEXability методот за конечно да понуди логично систематичен пристап на вежбите за истегнување кој се состои од прогресија во времетраењето и извршувањето на вежбите.
FLEXability Line е првата и единствената справа која овозможува:
  • Правилно и безбедно да се прават вежбите за истегнување на главните мускулни групи.
  • Да се мери и контролира степенот на мускулното истегнување при секоја тренинг сесија.
  • Да се одреди соодветно времетраење на секоја вежба посебно.
Мерење
За време на првта сесија и на точно одредени интервали, справата ја тестира физичката кондиција и прогрес со цел соодветно да се прилагоди тренинг програмата.
Статичен мод
Подразбира оддржување на одредена позиција на истегнување на саканите мускули, моно или мултиартикуларно.
Динамичен мод
Има можност за изведување на повеќе секвенци на контракции (изометрично, концентрично, екцентрично), опуштање и истегнување без потреба од дополнително асистирање (PNF техника).
Прогресија
Под прогресија се подразбира колку долго се стои во една позиција, степенот на мускулното истегнување и прогресот од само статичен мод кон динамичен мод, со различни комбинации.
Kinesis
KINESIS е направа која во 2007 година беше прогласена за фитнес справа на годината. Отпорот на справата автоматски се подесува, а главна одлика е целосната слобода на движењето на сите зглобови на телото во сите рамнини и оски. На справата може да се изведуваат околу 300 вежби за почетници, средни и напредни спортисти и рекреативци.
Activio
Activio е нов и револуционерен концепт на групно тренирање со мерење на срцевата фреквенција. Овој систем Ви овозможува единствено искуство при вежбањето, ја зголемува мотивацијата и активноста на групата.
За време на вежбањето, учесниците користат појас за мерење на срцевата фреквенција, при што информациите за истата безжично се пренесуваат од појасот на екран. На екранот, овие информации анонимно се покажуваат на Индивидуалниот мерач на интензитет. Користејки број, секој од учесниците може да си го препознае својот мерач за време на вежбањето. Мерачот дава објективен фидбек за тоа колку напорно вежбаат учесниците.
Activio е високо ефективен и забавен концепт кој лесно се употребува. Благодарение на директниот фидбек за степенот на напрегање, Activio на секој од учесниците им овозможува максимална контрола на оптеретувањето и корегирање на интензитетот на вежбањето, со што се постигнува идеално фитнес кондиционирање и постигнување на саканите и испланираните фитнес цели.
Овој фитнес систем е соодветен за секого, и за почетници и за напредни членови.
Гимнастички Топки
Спроведување на најнови програми со CORE STABILITY вежби на различни големини на медицински топки.
Главните придобивки од вежбите на медицинска топка се:
  • Цврстина и кондиционирање
  • Идеални се за општ фитнес тренинг
  • Подобрување на стабилноста, координацијата и поставеноста на телото
  • Подобрување на флексибилноста
  • Спречување и рехабилитирање на повреди на зглобови
  • Идеални се за спортско специфичен тренинг